
август 6, 2019
Врснички едукации во рамките на проектот „Здравје во заедницата“
Во рамките на проектот „Здравје во заедницата- врсничка едукација за превенција од сексуално преносливи инфекции” подржан од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина, три едуцирани врснички едукатори од Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош во периодот февруари и март реализираа 10 едукативни работилници во воспитно образовните институции во кои беа опфатени вкупно 273 ученици од основно и средно образование.
Шест од работилниците се одржаа во основните училишта, во кои беа опфатени 164 ученици од VIII-те и IX-те одделенија, а 4 работилници во средните училишта каде беа опфатени 109 ученици од I-ва и II-ра година.