февруари 8, 2024

Традиционална крводарителска акција во Клиничка болница „Жан Митрев“

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина на 6 февруари 2024 година ја реализира третата по ред крводарителска акција во Клиничката болница „Жан Митрев“ – Скопје.
 
На акцијата која се спроведе во просториите на болницата во периодот од 09:-14:00 часот крв даруваа вкупно 57 вработени-медицински и технички персонал, а со нив се солидиризираа и крв даруваа и членовите на нивните потесни семејства.
 
Одржувањето на крводарителските акции во Клиничката болница Жан Митрев добива традиционален карактер, а доброволното учество на вработените, ги искажуваат високите етички, хумани и морални вредности на целиот колектив и придонесуваат за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од доброволно крводарување.
< врати се назад