јануари 30, 2020

Соработка со Христијански центар 490 Скопје

На ден 25.01.2020 година по повод Новогодишните и Божиќните празници НВО „Христијански центар 490“ Скопје преку соработка со проектот ,,Хуманко” на Клуб на млади на ЦКРСМ-ОО Карпош подели 23 новогодишни пакетчиња на 23 деца и млади во ризик – целна група на проектот.

 

На настанот присуствуваа 23 учесници од целната група, 3 волонтери од тимот на проектот и 3 родители на целната група.

Голема благодарност до Hristijanski centar 490 Skopje за радоста и насмевките кои ги украсија лицата на учесниците.

 

 

< врати се назад