февруари 23, 2026

Работилница за унапредување на Клубот на млади

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош, на 07, 08 и 14 февруари 2026 година, спроведе работилницата за унапредување на работата на Клубот на млади, наменета за 7 членови на Координативното тело на Клубот на млади.

За време на тридневната работилница во времетраење од 22 часa едукација, учесниците имаа можност да ги прошират и освежат знаењата поврзани со волонтерството, личниот менаџмент, менаџментот со активности од помал и среден обем, менаџментот со волонтери.

Преку личните примери и искуства имаа можност да ги продлабочат своите знаења до темите и да согледаат како истите се поврзани со начинот на функционирањето на Клубот на млади и Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош.

< врати се назад