ноември 27, 2019

ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО АЛБАНИЈА, ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

Почитувани,
           Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува сочувство до граѓаните, семејствата и институциите на Албанија, за жртвите од земјотресот. Во исто време, сме со мисли, надеж и верба да бројот на жртвите не се зголеми и посакуваме брзо оздравување.Црвениот крст ја следи состојбата на терен и е во постојан контакт со Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Албанскиoт Црвен крст и владините институции со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор.

📌 Црвениот крст на РСМ донесе одлука од сопствени резерви да додели првична парична помош во висина од 10 000 евра наменета за жртвите од земјотресот, како и материјална хуманитарна помош:

            Воедно ги објавуваме и: телефонските броеви за донации „ 070/075/077 143 400 “ како и бројот на жиро сметката на фондот за солидарност „ 300000001327966 “каде што заинтересираните граѓани може да уплатат парични средства.
📌 Заинтересирани лица од други земји може да донираат на:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

           Исто така се понудени тимови за одговор при катастрофи од Црвениот крст на РСМ за помош и поддршка на Албанскиот Црвен крст во справување со последиците од земјотресот. По направените проценки наредните денови Црвениот крст на РСМ дополнително ќе се ангажира за обезбедување на хуманитарна помош.

 

< врати се назад