мај 28, 2025

Младите од ООУ „Бедри Таири“ во хумана мисија

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

Во продолжение го претставуваме проектот на учениците од ООУ „Бедри Таири“-село Долно Свиларе.

Проект за промоција на крводарителството во рурални средини

  • вклучени 8 младинци од осмо и деветто одделение
  • реализирани 4 состаноци на Тимот на проектот
  • спроведено истражување на потребите
  • организирана крводарителска акција за вработени лица од основните училишта во с.Долно Свиларе, с.Горно Свиларе, Рашче и Кондово
  • мобилизирани над 25 крводарители од кои 13 успешно даруваа крв
  • акцијата ја посети и крв даруваше градоначалникот на општина Сарај г-дин Иљаз Весељи
  • поддршка од ученици од СУГС „Никола Карев“
< врати се назад