
Едукативни работилници за деца и млади
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во месец април беа реализирани две едукативни работилници наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
На ден 12.04.2025 година за 23 учесници беше реализирана работилица на тема „БОН ТОН“ на која учесниците можеа да ги учат и надградуваат правилата за однесување во различни ситуации како бон тон во јавен превоз, бон тон при посета на културни настани и сл.
На ден 26.04.2025 година за 26 учесници беше реализирана музичка работилница за запознавање со основните информации за различни видови на музички инструменти, а дел од учесниците имаа можност и да пробаат да свират на инструменти.
Активностите беа реализирани во објектот на ЦКРСМ-ОО Карпош.

