
Едукативни предавања по повод одбележувањето на Неделата на хигиенизација
И оваа година во периодот од 8-15 Април 2019 година, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош се вклучи во одбележувањето на ,,Неделата на хигиенизација,, под мотото ,,Хигиената е половина здравје“.
Во рамките на своите програмски активности во делот на здравствено-превентивната дејност, од страна на еден волонтер-врснички едукатор на 24-ти април 2019 година во Основните училишта ,,Страшо Пинџур“ се реализираше едно едукативно предавања за значењето и начините на одржување на личната хигиена.
Преку овие предавања вкупно 27 ученици од 6-то одделение имаа можност да се стекнат со знаења за здравите хигиенски навики кои водат кон подобро здравје и исто така да ја подигнат сопствената свест и едуцираноста за хигиената, хигиенската практика и хигиенското однесување.