
Доделени признанија за најуспешни крводарители од Карпош
По повод одбележување на 17 Март – Ден на крводарителството во РСМ, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со општина Карпош на 24 март 2026 година организираше заеднички настан за доделување на јубилејни признанија и благодарници на повеќекратни крводарители и истакнати мотиватори кои со својата хуманост дале огромен придонес во унапредувањето на крводарителството.
На свечениот чин кој се одржа во општината Карпош, Градоначалникот г-дин Сотир Лукровски им врачи:
- признание за 50 крводарувања на г-дин Љубиша Трајковски и г-дин Игор Андреевски
- благодарница за 25 крводарувања на г-дин Игор Стефановски и г-дин Марјан Костовски
- благодарница за млад крводарител со 5 дарувања на Мила Димитриевиќ
- благодарници за мотиватори во крводарителството на г-дин Мирче Блажевски и г-дин Сашо Антоновски
- благодарница за најактивен волонтер во крводарителството во текот на 2025 година на Александар Анастасов, волонтер од Клуб на млади.
Градоначалникот им се заблагодари за несебичната и хумана активност која ја покажувааат низ годините дарувајќи крв, како една од најблагородните човечки особини, и им посака добро здравје во иднина. Истакна дека локална самоуправа, создаде и респектабилна традиција на редовно крводарителство, мотивирајќи граѓани, компании и институции да даруваат крв, со што Општината дава пример за хуманост и солидарност на локално ниво и дека овие активности во континуитет се надградуваат и унапредуваат.





































