јули 10, 2025

Завршна активност на проектот „Хуманко“ – Пикник во Градски парк

Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на ден 22 јуни 2025 година беше реализирана завршна активност за учебната 2024/2025 – пикник во Градски парк наменета за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.

Оваа активност беше со цел да се направи завршна активност за целната група преку дружење, игри и делење признанија и благодарници за редовно присуство и учество во активностите во текот на учебната 2024/2025 година. На активноста беа присутни вкупно 26 лица од целната група и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад