
Заврши 16-от циклус на проектот Хуманко 2023/2024
Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош веќе 16 години активно и континирано го реализира проектот „Хуманко“ чија цел е подобрување на социјализацијата, поддршка во воспитно-образовниот процес и намалување на социјалната ранливост на деца и млади со попреченост, со специфични потешкотии во учењето, од еднородителски семејства и од социјално-загрозени семејства. Во учебната 2023/2024 година тим од 13 волонтери спроведе 24 активности за подобрување на социјализацијата кај целна група составена од 40 редовни учесници и 32 повремени учесници, деца и млади на возраст од 6 до 45 години. За реализацијата на активностите волонтерите остварија 3226 волонтерски часа.
Во периодот декември 2023 – август 2024 преку проектот беа реализирани вкупно 24 активности на кои се остварени вкупно 578 присуства.
1. Едукативна работилница за безбедност
2. Едукативна работилница за справување со стрес
3. Изработка на новогодишни честитки и китење на елка
4. Посета на театарска претстава
5. Посета на фабриката АД „Европа“ со Првата дама на РСМ
6. Предновогодишна забава и лотарија
7. Новогодишна посета на домовите на целната група
8. Празнување на верскиот празник Василица
9. Кино проекција на серијата за деца „Умни глави“
10. Посета на Музеј на Македонската борба за самостојност
11. Посета на театарска претстава во Театар за деца и младинци
12. Прошетка во природа
13. Работилница за здрава исхрана
14. Посета на противпожарна станица
15. Учество во собирна акција по повод 8 март
16. Работилница за управување со облеката во домот
17. Посета на Дом за стари лица „Мајка Тереза“
18. Прошетка на кафе и сокче во Градски парк
19. Посета на Зоолошка градина Скопје
20. Дисеминациска работилница за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина
21. Велигденска работилница
22. Учество во еколошка акција
23. Посета на фолклорен фестивал
24. Летен камп Сите сме исти 5



