
Заштити ја почвата!
Во рамки на националната програма „Зелен волонтеризам“, во периодот од октомври до декември 2025 година волонтерите од Клубот на млади на Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош реализираат повеќе еко-активности чија цел е поттикнување на еколошката свест кај младата популација.
Како резултат на климатските промени, животната средина се повеќе се соочува со потопла и посушна клима што доведува до сушни периоди, но и поплави. Здравствените ризици поврзани со ефектите од климатските промени и нечистата животна средина вклучуваат зголемена стапка на респираторни и кардиоваскуларни болести, појава на инфективни болести кои се пренесуваат преку вода, храна, воздух и почва, последици по менталното здравје, последици од влијанија на токсични супстанци кои ја контаминираат животната средина, повреди и зголемена смртност поврзани со екстремни временски услови.
Зелен волонтеризам е младинска програма чија главна улога е подигнување на свеста кај младата популација за зачувување на животната средина, последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата и воздухот, глобалните климатски промени.
Во продолжение го претставуваме изработениот постер за заштита на почвата.




































