
октомври 6, 2026
Заедно за почисто Скопје!
На 30.09.2026 година, волонтерите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош се приклучија кон големата еколошка акција иницирана од Град Скопје.
Нашите 19 волонтери беа распоредени на 7 локации на територијата на општините Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, каде што со волонтерски дух, заедничка енергија и одговорност кон заедницата, уште еднаш покажавме дека сме еколошки одговорни и дека можеме да направиме вистинска промена. За нас, во Црвениот крст, ова е само дел од постојаната грижа за заедницата во која живееме.









































