август 8, 2019

Заеднички активности во рамките на ЦКА-ПХВ програмата

 

               На 7 Јули 2019 година, 5 волонтер од Клубот на млади на Црвен крст на РМ-Општинска организација Карпош,  заедно со 11 младинци вклучени во ЦКА-ПХВ програмата –Циклус 2019 година организираа заеднички излет на  падините на средно Водно во Скопје  каде организираа заеднички игри се дружеа и споделија  сопствени искуства  од учество  во оваа програма.

               Исто така на  12 Јули  2019 година во просториите на Општинската организација  Карпош вкупно 3 волонтери и 15 млади лица вклучени ЦК-ПХВ програмата  имаа можност да  проследат проекција на филм и да дискутираат  за  своите искуства  и важноста од позитивните промени кај луѓето и можноста за нивна  помош и  подршка во заедницата.

< врати се назад