јуни 5, 2025

Врснички едукации за превенција од болести на зависност

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во текот на месец мај 2025 година спроведе 3 врснички едукации на тема превенција од болест на зависност наменети за ученици од осмо и деветто одделение основно образование и за ученици од втора и трета година средно образование.

Преку спроведените едукации се опфатија 53 ученици, кои се запознаа со влијанието на алкохолот, цигарите и дрогата врз човековото физичко и ментално здравје, како тие можат да прераснат во зависност, како да препознаат лице кое е зависник и на кој начин можат да им помогнат.

< врати се назад