јуни 9, 2026

Врснички едукации за мотивирање млади крводарители

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 19 и 26.05.2026г. реализираше 6 врснички едукации во СУГС ,,САРАЈ“, на која учествуваа 160 ученици од трета и четврта година.

Преку интерактивна презентација учениците се запознаа со:

  • значењето на крводарителството;
  • основните информации за крвта, крвните групи и крвните компоненти;
  • условите за дарување крв и кој може да биде крводарител;
  • процесот на дарување крв.

Со овие едукации младите беа поттикнати да развијат хуманост, солидарност и општествена одговорност, како и да станат идни доброволни крводарители и да се вклучат во претстојната крводарителска акција во нивното училиште.

Дарувај крв – спаси живот!

< врати се назад