мај 26, 2026

Врснички едукации за мотивирање млади крводарители

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 20.04.2026 година реализираше три врснички едукации во СУГС „Никола Карев“, на кои учествуваа 97 ученици од трета и четврта година. Преку интерактивна презентација учениците се запознаа со значењето на крводарителството, основните информации за крвта, крвните групи и крвните компоненти, условите за дарување крв и процесот на крводарување.

Со реализацијата на овие едукации младите беа поттикнати да развиваат хуманост, солидарност и општествена одговорност, како и активно да се вклучат во крводарителските активности и претстојната крводарителска акција во нивното училиште. Дарувањето крв претставува чин на хуманост со кој директно се помага во спасување човечки животи.

< врати се назад