април 6, 2026

Врснички едукации за мотивирање млади крводарители

Во насока на подигнување на свеста кај младите за значењето на доброволното дарување крв, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 25 и 30 март 2026 година реализира три врснички едукации за мотивирање, мобилизирање и регрутирање на нови, млади крводарители.
Со едукациите беа опфатени 86 ученици од трета и четврта година од средните училишта „Здравко Цветковски“ и „Лазар Танев“, кои низ презентации преку интерактивни активности и дискусии имаа можност да се информираат и да развијат позитивни ставови за доброволното крводарување и неговата улога во спасување на човечки животи и да се охрабреат да станат идни активни
крводарители.

< врати се назад