декември 1, 2025

Врснички едукации за мотивирање млади крводарители

Во рамки на активностите за унапредување на крводарителството, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 20.11.2025г. спроведе 2 врснички едукации на кои присуствуваа 58 ученици од трета и четврта година од СУГС „Никола Карев“, Скопје.

Слушателите имаа можност да се информираат за доброволното крводарителство како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители на крводарителската акција која претстои во нивното училиште.

< врати се назад