октомври 28, 2025

Врснички едукации за мотивирање млади крводарители

Во рамки на активностите за унапредување и промовирање на крводарителството, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во периодот од 9 до 20 октомври 2025 година спроведе 7 врснички едукации на кои присуствуваа 171 ученик од трета и четврта година од средните училишта  „Георги Димитров“, ,,Здравко Цветковски” и „Орце Николов“.

Преку овие едукации, слушателите имаа можност да се информираат за доброволното крводарителство како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители на крводарителските акции кои претстоеа во нивните училишта.

< врати се назад