
јуни 6, 2025
Врснички едукации за крводарителство
Во рамки на активностите за унапредување и промовирање на крводарителството, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец мај 2025 година спроведе три врснички едукации на кои присуствуваа 70 млади лица, ученици во трета и четврта година од две средни училишта.
Слушателите имаа можност да се информираат за доброволното крводарителство како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители.
