март 26, 2025

Врснички едукации во крводарителството

Во рамки на активностите за унапредување и промовирање на крводарителството, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец март 2025 година спроведе шест врснички едукации за мотивација на млади крводарители на кои присуствуваа 242 млади лица.

Едукациите се реализираа со цел мотивирање и вклучување на младата популација во доброволното крводарување и на истите слушателите имаа можност да се информираат за доброволното крводарителство како чин на хуманост и израз на високи етички и морални вредности и да се мотивираат да станат потенцијални крводарители на крводарителските акции кои претстоеа во нивните училишта.

< врати се назад