јуни 5, 2025

Врснички едукации по прва помош

Едуцирани млади демонстратори по прва помош од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец мај 2025 година спроведоа 13 врснички едукации на кои присуствуваа и активно земаа учество 215 ученици од 1 средно и 23 основни училишта.

Слушателите имаа можност да се запознаат со основите на првата помош, односно кои материјали се употребуваат при пружањето на прва помош на повредено лице, како се обезбедува просторот околу повредениот и како да се заштити лицето кое укажува. Демонстраторот им демонстрираше како се пружа прва помош при крварење од нос, бесознание, отворени и затворени скршеници и рани со крварење, а потоа учесниците имаа можност и они да укажат прва помош.

< врати се назад