
мај 15, 2025
ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ ПО ПРВА ПОМОШ
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Карпош во месец април 2025 година спроведе 12 врснички едукации на кои присуствуваа 162 ученици од основно и средно образование, од 10 средни и 1 основно училиште.
Слушателите имаа можност да се запознаат со основите на првата помош, односно кои материјали се употребуваат при пружањето на прва помош на повредено лице, како да се обезбеди просторот околу повредениот и како да се заштити лицето кое укажува. Демонстраторот им демонстрираше како се пружа прва помош при крварење од нос, бесознание, отворени и затворени скршеници и рани со крварење, а потоа учесниците имаа можност и они да укажат прва помош.
