
август 5, 2019
Врснички едукации за превенција од СПИ
Во рамките на активностите од здравствено превентивен карактер, во Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош од страна на три едуцирани врснички едукатори на 25.01.2019 година беше спроведена врсничка едукација за превенција на сексуално преносливи болести.
Со предавањата кои се одвиваа преку визуелни презентации и вежби, а се одржаа во основното училиште ,,Петар Поп Арсов“ беа опфатени 24 ученици од осмо одделение кои за време на врсничката едукација имаа можност да се запознаат со ризиците, последиците и начините на превенирање на сексуално преносливите болести.