февруари 11, 2020

Врснички едукации за превенција од ХИВ/СИДА и Сексуално преносливи инфекции

Во рамките на активностите од здравствено-превентивен карактер а со цел придонес во спроведувањето на превентивната здравствена заштита и подигнување на свеста и здравствената култура кај младата популација, од страна на два едуцирани врснички едукатори од Црвен крст  на Република Северна Македонија–Општинска организација Карпош беше спроведена врсничка едукација за превенција на ХИВ-СИДА и сексуално преносливи болести.

На предавањата кои одржаа на 10 Февруари 2020 година во Основното училиште “Димо Xаџи Димов”-Скопје, вкупно 26 ученици од деветто одделение преку визуелни презентации и вежби имаа можност да се запознаат со ризиците, последиците и начините на превенирање на  ХИВ/СИДА и сексуално преносливите болести и да го направат првиот чекор кон отврлање на овие табу теми.

 

< врати се назад