август 8, 2019

Вработените во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ дарува 143 крвни единици

                На 15 Јули  2019 година, Црвен крст на Републиа Македонија – Oпштинска организација Карпош во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Институтот за трансфузина медицина успешно организираа и релизираа уште една крводарителска акција во која беа дарувани 143 единици крв.

              Првата крводарителска акција беше организирана во 2010 година при што беа собрани 28 единици, но во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“ бројот на вработени кои даруваат крв се зголемува од година во година,  така што и овогодишната  крводарителска акција уште еднаш ја потврди хуманоста и солидарноста на вработените во оваа институција.

< врати се назад