октомври 15, 2026

Волонтирам заедно со БАБА ми!

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош по повод одбележување на 1-ви октомври – Меѓународен ден на старите лица ја реализираше активноста „Волонтирам заедно со БАБА ми!“. Активноста беше зададен предизвик на волонтерите од Клубот на млади заедно со својата баба/дедо да подготват топли оброци кои ќе бидат наменети за лица во социјален ризик.

Целта на оваа активност имаше мултинаменска природа: поттикнување на младите за грижата кон старите лица, практикување на активно стареење преку волонтирање и хумана мисија за поддршка на лица во социјален ризик.

Активноста беше реализирана на 10 октомври 2026 година од страна на 9 волонтери од Клубот на млади и 12 стари лица – баби на волонтерите кои заеднички подготвија 36 топли оброци наменети за 18 членови од 7 семејства во социјален ризик. За оваа активност се остварени вкупно 76 волонтерски часа од вкупно 22 волонтери.

< врати се назад