
јули 10, 2025
Вежба за местење шатори
Во рамки на летната програма на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – ОО Карпош на ден 25 јуни и 05 јули 2025 година се организираше и спроведе вежба за поставување на мали класични шатори.
Вежбата предвиде кус теоретски дел и практично вежбање на поставувањето на шатори. На вежбата беа присутни 7 волонтери од Клубот на млади кои своето стекнато ново знаење ќе може да го применат на претстојниот летен камп „Сите сме исти 6“ во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади.
