
јули 9, 2026
Успешно учество во програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ 2026
Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – јуни 2026 година активно се вклучи во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која избрани младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваа мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 41 ученици на македонски јазик и 16 ученици на албански јазик од 5 средни и 4 основни училишта.
РЕЗИМЕ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО 2026 ГОДИНА:
- вклучени 2 дисеминатори и 11 мини ментори
- одржани 6 ЦКА-ПХВ обуки
- обучени 57 младинци за изработка на мали проекти на македонски и албански јазик
- вклучени 57 младинци/ 100% во изработката на малите проекти и 10 дополнителни членови
- остварени 3.577 волонтерски часови од страна на младинците
- започнати и целосно завршени 12 мали проекти
- реализирани над 90 средби со ЦКА-ПХВ групите
- спроведени над 20 хуманитарни акции и настани
- од хуманитарни акции обезбедени се вкупно 216.979 денари
- опфатена целна група од 1.483 лица
- анимирани над 4.000 лица
- сите 12 проекти се унифицирано документирани со документ и видео
- добиени оценки: десет проекти со оцена 5 и два проекти со оцена 4





































