мај 28, 2025

Уреден двор во ООУ „Бедри Таири“ с.Долно Свиларе

Црвен крст на РСМ-Општинска организација Карпош во периодот јануари – мај 2025 година активно се вклучува во националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ преку која од целата земја околу 1200 младинци на возраст од 13 до 17 години во помали групи изработуваат мали проекти за придонес за добробит во заедницата. Преку програмата, во ЦКРСМ – ОО Карпош се опфатени 38 ученици на македонски јазик и 28 ученици на албански јазик од 4 средни и 3 основни училишта. Младинците се групирани во 8 групи кои започнаа да реализираат 8 проекти.

Проект за уредување на дворната површина на ООУ „Бедри Таири“ во с.Долно Свиларе

Преку овој проект, група од 8 ученици организираа и реализираа уредување на дворната површина на училиштето. Беше поставена нова земја, посадување на трева и садење на дрвца.

< врати се назад