
ноември 21, 2019
Учество во Интерскопкејк 2019
На ден 09.11.2019 година проектот ,,Хуманко” беше поканет од страна на ХОА Ангелчиња Скопје да присуствува и да настапи со музичка точка на манифестацијата Интерскопкејк во Веро Џамбо.
На манифестацијата беа присутни 24 учесници меѓу кои 11 волонтери,12 деца и млади од целната група и 1 родител на целната група.
Учесниците на оваа манифестација имаа можност да се забавуваат, да танцуваат и да се дружат.
Голема благодарност до ХОА Ангелчиња Скопје за поканата и топлиот пречек.