мај 28, 2025

Учество во „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ во Општина Карпош

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 10 мај 2025 година се вклучи во спроведувањето на еколошката акција на општина Карпош во рамки на иницијативата „ГЕНРАЛКА ВИКЕНД“. Оваа еколошка акција се организира со цел да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно влијание врз зачувувањето на животната средина.

Во оваа еколошка иницијатива се вклучи тим од 15 младинци – волонтери од Клубот на млади на ЦКРСМ – ОО Карпош и деца и млади од целната група на проектот Хуманко.

< врати се назад