ноември 4, 2026

Учество во еколошката акција „За почисто Скопје“

Град Скопје, почнувајќи од 30.09.2026 година, секоја втора среда организира еко-акции за чистење на локации на територијата на Градот Скопје.

На ден 14 и 28.10.2026 година, 12 волонтери од ЦКРСМ – Општинска организација Карпош задоа учество на повеќе локации. Волонтерите активно учествуваа во спроведувањето на предвидените активности за чистење и заштита на животната средина. Со своето учество, волонтерите дадоа придонес кон успешната реализација на акцијата и промоцијата на одговорен однос кон животната средина и локалната заедница.

< врати се назад