октомври 6, 2026

Учество на Саем на организации во Меѓунардното училиште НОВА

На покана на Меѓународното училиште НОВА – Скопје, во рамките на нивната програма CAS (Creativity, Activity, Service) која има за цел да ги поттикне учениците да излезат од својата комфорна зона и да се вклучат во општествено-одговорни активности, на 2 октомври 2026 година, Клубовите на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош и Црвен крст на град Скопје учествуваа со свој промотивен штанд на Саемот на организации, настан организиран од училиштето.

На промотивниот штанд на Црвениот крст, учениците -посетители изразија желба и добија можност да се запознаат со историскиот развој на Црвениот крст, основните дејности на Црвениот крст, да добијат информации за можностите за членување и волонтирање во организацијата. Дополнително на посетителите им беа поделени симболични подароци и промотивен печатен материјал.

Учеството на настанот е во пресрет на одбележувањето на Неделата на млади на ЦКРСМ која се одбележува од 1 до 7 октомври секоја година.

< врати се назад