
Учество на младите волонтери во еко-акцијата на општина Карпош
Околу 20 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош на 13 Април 2019 година се вклучија во пролетната еко акција спроведена на територијата на општина Карпош.
Во акцијата беа вклучени и градоначалникот на општината, заменик министерот за животната средина на РМ, општинската администрација, советниците, јавни комуналните служби, приватни фирми, граѓански организациии самите граѓани.
Со скромниот допринос во реализацијата на оваа масовна акција, младите волонтери на Црвениот крст со својот солидарен и хуман пристап како значајни чинители во заедницата уште еднаш ја потврдија својата заложба за одржување и зачувување на чиста и здрава животната средина и подигнување на јавната свест за одговорниот однос кон истата.