
март 3, 2020
Учество на Хуманитарен концерт „Љубовни ноти ’’
Вкупно 15 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош меѓу кои и 5 деца со посебни потреби од проектот ,,Хуманко“ го проследија традиционалниот хуманитарен концерт „Љубовни ноти”. Концертот се одржа на 25 Февруари 2020 година, во хотелот Мериот во Скопје и беше организиран од страна на Црвен крст на Град Скопје.
Собраните средства од овој настан се наменети за купување на подароци за 8-ми Март за пациентките на Клниката за онкологија во Скопје.