септември 24, 2019

Учество на 28-oт Државен натпревар на екипите по прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија на 21 и 22 септември 2019 година во Битола го реализира 28-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош под мотото ,,Твоето незнаење чини живот,,.

На овој натпревар, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Карпош  jа претставуваше  екипата од Гимназијата „Георги Димитров“ – Скопје  која  на државниот натпревар го освои V-тото место.

Вкупно 28 екипи имаа можност да ги покажат своите знаења и вештини по прва помош и воедно да го покажат своето знаење за историјатот, улогата, значењето и принципите на Црвениот крст.

< врати се назад