октомври 21, 2026

УЧЕНИЦИ, РОДИТЕЛИ И ВРАБОТЕНИ – ОБЕДИНЕТИ ВО ХУМАНОСТА!

ЦКРСМ – ОО Карпош и СУГС „Орце Николов“ ве поканува да бидете дел од претстојната крводарителска акција и да спасите нечиј живот!

📅 Датум: 22 Октомври 2026 (четврток)
⏰ Време: 10:00 – 15:00 часот
📍 Локација: СУГС „Орце Николов“ – училишна медијатека

ℹ️ ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДАРИТЕЛИТЕ:
1. Кој може да дарува?
– Ученици од III и IV година (со навршени 17 години и 6 месеци).
– Вработени во училиштето и родители на учениците.
2. Потребни документи:
– Документ за лична идентификација
– Малолетните ученици треба да носат Изјава за согласност потпишана од родител.
3. Пред дарувањето:
– Секој дарител треба да биде појадуван и да има испиено 2-3 чаши вода.
– Пристигнете на акцијата најдоцна до 14:30 часот

📞 За сите дополнителни информации: 071/482-154

✨ Хуманоста е нашата заедничка лекција! Ве очекуваме!

< врати се назад