февруари 23, 2026

ЦКА-ПХВ работилници

Во рамки на националната програма „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, Црвениот крст на РСМ-Општинска организација Карпош на 11 и 13 февруари 2026 година ги спроведе првата и втората ЦКА-ПХВ работилница на македонски јазик за над 30 младинци-ученици од 5 средни и 3 основни училишта.

Преку овие работилници младите стекнаа соодветна едукација за Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина, препознавање на потребите на заедницата, изработка на проекти и насоки за организирана пракса на терен за директна помош на ранливото население.

< врати се назад