
февруари 13, 2025
Традиционална средба по повод празникот Василица преку проектот „ХУМАНКО“
Во рамки на проектот „Хуманко“ на Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош на 13 јануари 2025 година беше организирана тричасовна вечерна средба по повод празникот Василица за целната група на проектот – деца и млади со попреченост, со потешкотии во учењето, од семејства во социјален ризик и со типичен развој.
На средбата учесниците имаа можност да се запознаат со дел од обичаите и традицијата при одбележување на празникот, да слушаат народна музика и да вкусат македонски традиционални јадења кои беа подготвени од волонтерите од Клубот на родители на ОО Карпош.
На средбата присуствуваа 36 лица – целна група на проектот и волонтери од Клубот на млади и Клубот на родители.
