
Традиционална новогодишна собирна акција
Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во периодот од 26 до 30 декември 2024 година во маркетот Веро – објект Тафталиџе ја спроведе традиционалната новогодишна хуманитарна акција. Акцијата се спроведе во времетраење од пет дена во периодот од 10:00 до 20:30 часот преку поставување на штанд со изложени рачни изработки – новогодишни украси и аксесоари на кој беа присутни тимови од два до три волонтери со ротирачки модел во смени. Граѓаните – посетители на штандот имаа можност да донираат прехрамбени производи, новогодишни пакетчиња и парични средства, а за возврат на донацијата да добијат рачна изработка. На акцијата и претходеа работилници на кои беа изработени над 600 рачни изработки од страна на волонтерите од Клубот на родители на ЦКРСМ-ОО Карпош и група ученици од СУГС „Орце Николов“-Скопје. Во рамки на акцијата со своја иницијатива се приклучија и група ученици од СУГС „Никола Карев“ кои обезбедија 64 новогодишни пакетчиња преку спроведен спортски турнир во кошарка во рамки на училиштето.
Од акцијата беа обезбедени вкупно 776 килограми прехрамбени производи од кои се подготвија 65 пакети со храна и 264 новогодишни пакетчиња кои во периодот од 02 до 17 јануари 2025 година беа поделени на 65 социјално-загрозени семејства (261 лице) и 264 деца и млади во социјален ризик.
Во спроведување на акцијата беа вклучени вкупно 35 волонтери од Клубот на млади и Клубот на родители кои остварија вкупно 390 волонтерски часа.



