
Традиционална крводарителска акција во Општина Карпош
По повод одбележувањето на Денот на Општина Карпош, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош, во соработка со Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина, на 29.10.2026 година реализираше традиционална крводарителска акција.
Акцијата се одржа во просториите на Општина Карпош, во периодот од 09:00 до 17:00 часот, при што својата хуманост, солидарност и подготвеност да помогнат во спасувањето човечки животи ја покажаа граѓаните, вработените во општинската администрација, училиштата и детските градинки.
На крводарителската акција беа реализирани 116 крводарувања.
Упатуваме голема благодарност до сите крводарители за нивната хуманост и несебичност, а на Општина Карпош ѝ го честитаме јубилејот – 50 години од нејзиното постоење!






































