
април 7, 2025
Традиционална крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Карпош во соработка со Општина Ѓорче Петров и Институтот за трансфузиона медицина на 03 април 2025 година спроведе традиционална крводарителска акција.
На акцијата која се реализира во просториите на Домот на културата „Ѓорче Петров“ во периодот од 12:00-18:00 часот крв даруваа и својата хуманост на дело ја покажаа 62 крводарители-вработени во општинската администрација и граѓани од општина Ѓорче Петров.
На акцијата крв даруваше и градоначалникот г-дин Александар Стојкоски, кој упати голема благодарност до сите кои се вклучија и дадоа свој придонес на акцијата и ја потенцира важноста на крводарувањето како едно од најголемите хумани дела.

