август 8, 2019

Традиционална крводарителска акција во Општина Карпош

             Во соработка со Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина,  Црвениот крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош  на 30 мај 2019 година  ја реализираше традиционалната крводарителска акција.

         Во периодот од 10,00 до 17,00 часот, во просториите на основното училиште  „Лазо Трповски“ Карпош 2, вкупно 114  хуманисти, граѓани и вработени во општинската администрација, даруваа крв и ја потврдија својата хуманост на дело.

             Како и секоја година, на оваа акција  се придружи и градоначалникот на општина Карпош, Г-дин Стефан Богоев кој ја подржа оваа традиционална акција и ја истакна важноста и значењето на крводарителството како и соработката со организацијата на Црвениот крст и ги повика сите хумани граѓани да се вклучат во оваа хумана акција.

< врати се назад