октомври 29, 2019

Традиционална крводарителска акција по повод одбележување на Денот на Општина Карпош

           Традиционално и оваа година, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош  во соработка со општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина,  на 22 Октовмри 2019 година  ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод одбележување на Денот на општината Карпош.

            Во периодот од 09:00 до 17,00 часот, во просториите на библиотеката ,,Браќа Миладинови,,  вкупно 128  хуманисти, грагани и вработени во општинскста администрација, даруваа крв и ја потврдија својата хуманост на дело.

            Како и секоја година, акцијата беше подржана од Градоначалникот на Општината Г-дин Стефан Богоев кој ја истакна важноста и значењето на крводарителството  и соработката со организацијата на Црвениот крст и ги повика сите хумани граѓани да се вклучат во оваа хумана акција.

< врати се назад