септември 24, 2019

Традиционална крводарителска акција по повод 20 Септември–Ден општина Ѓорче Петров

По повод одбележување на 20 Септември-Денoт на општина Ѓорче Петров-Скопје, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Карпош во соработка со Институтот за трансфузиона медицина спроведе крводарителска акција.

Традиционалната акцијата се одржа во просториите на Домот на културата „Ѓорче Петров” во периодот од  10:00 до 15:30 часот каде својата хуманост преку дарување на крв и овој пат ја потврдија 40 граѓани меѓу кои и градоначалникот на општината Г-дин Александар Наумоски.

< врати се назад