август 6, 2019

Топол оброк за бездомните лица

                      И оваа година Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Карпош се  вклучи во акцијата за обезбедување на  топли оброци за бездомните лица насловена  како „Зготви и сподели, храната не е луксуз“ која неколку години по ред ја организира неформална граѓанска  иницијатива ,,Ретвитни оброк“  која обезбедува донации но и  готви храна за бездомници и социјално загрозени лица и семејства.

      Во донирањето и подготовката на 100 еднодневни оброци се вклучија 15 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на Република Македонија и нивните родителите, а со 60 хуманитарни пакети се вклучија и  учениците од Основното училиште ,,Вера Циривири Трена,,. Целата храна заедно со иницијаторите на оваа акција со патролно возило беше поделена на лицата во социјален ризик.

Со оваа активост, младите  младите на Црвениот крст на РМ-Општинска организација Карпош уште еднаш ја покажаа својата хуманост и ја потврдија идејата за промовирање на солидарноста мегу луѓето особено кај младите лица.

< врати се назад