септември 18, 2026

Тим по прва помош на настан на ЈОУДГ „Росица“

На покана на ЈОУДГ „Росица“ – о.Ѓорче Петров, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош даде поддршка во спроведување на промотивниот настан за децата од градинката насловен „Семејна радост“ на стадионот „Млади лавови“ во Ѓорче Петров.

На 02 септември 2026 година во периодот од 18 до 20 часот, за потребите на настанот со околу 1000 посетители, Црвениот крст на РСМ-ОО Карпош испрати два тима за укажување на прва помош со службено возило и ранци со опрема. Настанот помина во пријатна и мирна атмосфера, а меѓусебната соработка помеѓу двете институции продолжува со истата динамика и во иднина.

< врати се назад