мај 26, 2026

„Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина – 8 Мај“ и „Недела на Црвен крст на РСМ – 8-15 Мај“

Црвениот крст на 8 Мај го одбележува „Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина“ и го започнува одбележувањето на „Неделата на Црвен крст на Република Северна Македонија (8–15 Мај)“ – денови посветени на хуманоста, солидарноста и волонтерството. Оваа година одбележувањето се реализира под мотото „Хуманоста нè обединува“, со кое се промовираат вредностите и мисијата на Црвениот крст, со посебен акцент на младите волонтери и нивниот придонес во заедницата.

Осми Мај е денот на раѓањето на Анри Динан – основоположникот на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина и добитник на првата Нобелова награда за мир. Овој ден претставува потсетник дека хуманоста се живее секојдневно, преку поддршка, солидарност и грижа за другите. По повод 8 Мај, упатуваме честитки до сите волонтери, членови, поддржувачи, соработници и вработени во Црвениот крст за нивната посветеност и хуман придонес.

< врати се назад